Елмаз Докле е роден на 19 август 1939 година во Борје, област Гора, каде завршил основно училиште. Од 1968 година до 1998 година работел како раководител на катастарот во областа во Кукс. Неговиот живот е поврзан со три места на живеење, Борје, Драч и Кукс. Елмаз Докле беше еден од најголемите активисти и борци за правата на Македонците во областа Гора. Во 2010 година ја објави книгата “Борје и Борјани” монографија која беше многу добро прифатена од страна на јавноста. Тој неодамна ја објави монографија “Стариот Кукс” а зад себе оставил многу други дела во ракопис за областа Гора и Македонците од оваа област. Покрај неговата публицисктичка дејност Елмаз Докле, бил еден од основачите на македонско друштво „Гора“,кое се грижи за заштита на националниот идентитет, култура и историја на Македонците во оваа област, која опфаќа девет села распослани во северниот дел на Албанија.
Елмаз Докле (1939 – 2016) борец за правата на Македонците во Албанија
Advertisement