Емануел Макрон официјално претседател на Франција

Уставниот совет на Франција официјално го прогласи изборот на Емануел Maкронкако претседател на Република Франција, со 66,10 проценти од гласовите наспроти 33,9 отсто за неговата противничка Марин Ле Пен. Maкрон станува осмиот претседател на Република Франција. Емануел Maкрон доби апсолутно мнозинство на гласови и Уставниот совет го прогласува за претседател, истакна Фабиус. Тој ќе ја преземе функцијата по завршувањето на мандатот на Франсоа Оланд, што ќе се случи најдоцна до недела 14 мај. Резултатите објавени од отрана на Уставниот совет се непроменети во однос на доставените резултати објавени во понеделникот од страна на Министерството за внатрешни работи. Прогласувањето на изборите и официјалните резултати ќе бидат објавени в четврток 11 мај во Службен весник на Франција.
Advertisement