Епископот Велички Гаврил Светогорец канонизиран за светител (ВИДЕО)

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска во списокот на светиите го впиша епископот велички Гаврил Светогорец. Одлуката на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија беше објавена на светата архиерејска литургија што се одржа во Соборниот храм Св. Никола во Штип, а со која чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение на членовите од Синодот.