Епл достигна вредност од 800 милијарди долари

 

Епл е првата американска компанија чијашто пазарна капитализација достигнала 800 милијарди долари, малку повеќе од две години откако го мина прагот од 700 милијарди долари. На крајот од тргувањето во вторникот, акцијата на Apple порасна за 0,64 отсто, на 153,99 долари, со што проценетата пазарна вресност на компанијата изнесуваше 802,8 милијарди американски долари.

Вредноста на акцијата на произведувачот на паметните телефони iPhone порасна за 33 отсто од почетокот на 2017 година и речиси за 50 проценти од американските претседателски избори ланскиот ноември. Компанијата во моментов претставува 4 отсто од вкупната вредност на компаниите вброени во индексот S&P 500, која изнесува 21,700 милијарди долари.

„Тоа само покажува колку е тоа моќна франшиза. Можно е дека е најмноќната франшиза во земјата денес“, вели претстедателот на финансиската куќа LibertyView Capital Management, Рик Меклер. „Имајќи предвид дека има ограничен број производи, навистина доминираше на пазарот на начин на којшто само неколку компании можат, а успеа и да ја задржи маржата и покрај бројните конкуренти“, додава Меклер.

Вредноста на Apple во текот на вчерашното затворање на пазарите од 802,8 милијарди долари е поголема од вредноста на економиите на 45 од 50 американски сојузни држави. Притоа, поголема вредност имаат само државите Илиноис, Флорида, Њујорк, Тексас и Калифорнија.

Advertisement