Ердоган ја изгради најголемата бoлницa во светот

Една милијарда евра чини бoлницaтa, која денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја пушти во употреба. Тоа е една од најголемите бoлници во светот, во главниот град на земјата, Анкара, и покрај критиките против него за скапи и грандиозни градежни проекти во неговите 16 години владеење.

Трошоците за изградба на бoлницa во Анкара (Градска бoлницa Анкара) се проценуваат на една милијарда евра, додека нејзиниата површина се пресметува еднаква на околу 100 фудбалски игралишта. Бoлницaтa е опремена со 3810 кревети, 131 операциони сали и 904 клиники и ќе биде во можност за да се згрижат 30.000 пациенти, како и за останати 8000 дневни пациенти.

Како што пишува Ројтерс, големите градежни проекти го подобрија квалитетот на животот на милиони граѓани во Турција, но се критикува нивната прекумерна цена.Како одговор на критиките, Ердоган рече дека оние што се противат на изградбата на такви бoлници се против сите поголеми проекти што ги спроведува неговата влада.

Тие се против изградбата на мостови, автопати, тунели, аеродроми, експресни патишта, бoлници и училишта, но, токму тие најмногу ги користат”, рече турскиот претседател на свеченото отворање. -Исто како што направивме во одбранбената индустрија, мора да ја спасиме нашата земја од странска зависност од медицинска и медицинска технологија”, рече тој.

Анкара планира да отвори уште 30 бoлници врз основа на моделот јавно приватно партнерство, забележува Ројтерс. Од своја страна, Ердоган рече дека такви големи бoлници ќе бидат во можност да обезбеди комплетна медицинска нега во еден комплекс.