Ернал Фило прв амбасадор на Албанија во Украина

Албанскиот претседател Бајрам Бегај потпиша уредба, со која, за прв амбасадор во Украина го назначи дипломатот од кариера Ернал Фило. Од Министерството за Европа и надворешни работи наведуваат дека Фило е во служба на албанската надворешна политика од 1997 година, а неколку години бил и амбасадор во Црна Гора.

-Исто така успешно извршувал различни должности и одговорности, покажувајќи сериозност и максимална професионална одговорност. Моментно има функција „Ополномоштен министер“ и работи во Дирекцијата за државен протокол, наведуваат од МЕНР.

Дипломатски односи двете земји имаат воспоставено пред 31 година. Украина има своја амбасада во Тирана, каде моментно амбасадор е Володимир Шукров, а албанската влада одлука за отворање амбасада во Киев, донесе во јануари минатата година.

Политичките односи меѓу нашите две земји се сметаат за добри и пријателски, со заеднички интерес за нивниот понатамошен развој, особено по првиот Самит што се одржа во Тирана „Украина – Југоисточна Европа. Тие добија посебен фокус по нелегалната анексија на Крим од страна на Руската Федерација. Од самиот почеток зазедовме јасен и непоколеблив став во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет и независност на Украина, што е во согласност со ставот на ЕУ и САД, изјавил Фило.

По руската инвазија на Украина во 2022 година, општина Тирана ја преименува улицата на која се наоѓа руската амбасада во „Слободна Украина“, што ја натера амбасадата да се пресели на друга локација.

Advertisement