Ескалираа протестите во Тирана (ВИДЕО)

Протестот на албанската опозиција пред Парламентот ескалираше со обид за насилно влегување во законодавниот дом каде парламентарното мнозинство одржуваше седница. Демонстрантите фрлаа тврди предмет врз полицијата, палеа гуми, а полицијата одговори со употреба на солзавец.

Првите инциденти беа забележани уште на самиот почеток на протестот, кога им беше попречуван влезот на пратениците во зградата на Парламентот, а беше нападнат и министерот за туризам Бенди Кљоси.

И покрај апелите на полицијата да престанат со насилни дејствија тие продолжија барајќи пратениците да ја прекинат седницата, на која не присуствуваше премиерот Еди Рама, бидејќи бил заминат во посета на општините во рамки на владината програма „За подобра општина“.

Состојбата ја вжештија обраќањата на лидерите на демократите Љуљзим Баша и на Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади, која е сопруга на претседателот Илир Мета, кои меѓу другото порачаа дека со „Еди Рама ќе има битки се додека тој не замине од власт“.

Насобраните илјадници граѓани пред Парламентот, извикувајќи „Рама оди си“,„Ајдуци“… За време на немирите биле оштетени и полицски возила, но во моментот состојбата е помирна.

 

Advertisement