Етнолошки атлас, Штутгарт 1926 година: Македонци наведени како самостоен народ

Во делото за “Народите во Европа” од 1926 година од германскиот етнолог д-р. Рихард Каруц, Македонците веќе беа наведени како самостоен народ. Рихард Каруц (* 1867 – † 1945) бил германски лекар, чиј интерес за етнологија се разбудил на неговите патувања во странство како бродски лекар, започнал да студира етнологија во Либек, Северна Германија. Каруц ја искусил воената служба во Првата светска војна како воен лекар. По војната, тој се сретна со антропозофот Рудолф Штајнер во 1920 година. Тој се свртал кон нeгoвoто учење и се обиде да го искористи. Неговите статии на оваа тема биле забранети во Третиот рајх и покрај веројатно сличнa употреба на терминологијата, а исто така неговите пишувањa биле игнорирани во етнологијата. До денес, само неговите пред-антропозофски дела се признаени од наукатa. Во 1920-тите предавал на Гетеанум во Дорнах, Швајцарија. Во 1938 година се преселил во Дрезден поради неговите деца, каде што починал на 10 февруари 1945 година.

“Народите на Европа” на проф. д-р. Рихард Каруц
Македонците
Грците
Србите
Карта на Европа со имињата на народите
Eтнолошки атлас “Народите на Европа” на проф. д-р. Рихард Каруц, 1926www.zentralratdermakedonen.de/

Advertisement