
ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија за уште шест месеци поради нарушување на територијалниот интегритет, суверенитетот и независноста на Украина. Советот на ЕУ потсетува дека мерките не само што ги замрзнуваат средствата, туку и забрануваат обезбедување на средства и на други економски ресурси за 175 лица и 44 субјекти на европскиот санкциски список. Покрај овие мерки, во Брисел потсетија дека како одговор на кризата во Украина, ЕУ воведе економски санкции за одредени сектори на руската економија. Рестриктивните мерки се воведени како одговор на незаконската анексија на Крим, што се однесува само на Крим и Севастопол, а се во сила до 23 јуни 2020 година, соопшти Советот на ЕУ.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden