ЕУ го продолжи користењето на европските сертификати за Ковид-19 за уште една година до јули 2023

Правилата на Европската унија за дигитални сертификати за коронавирус ќе останат во сила уште една година поради пандемијата. Претставниците на европскиот парламент и владите на земјите-членки синоќа се согласија да ги продолжат правилата до 30 јули 2023 година, соопшти француското претседателство со советот на ЕУ, додавајќи дека прописите би можеле да бидат укинати порано доколку ситуацијата дозволи.

Сертификатите се наменети да го олеснат слободното движење на луѓето за време на пандемија. Користејќи го QR-кодот, сертификатите даваат информации за тоа дали некое лице било вакцинирано против Ковид-19, дало негативен тест или боледувало од болеста, јави ДПА.

Advertisement