ЕВН: Жителите на селата Отовица, Новачани, Кумарино, Сујаклари и Велешкото езеро (Младост) имаат стабилно снабдување со електрична енергија 

Фото: ЕВН

Реонот на велешките села Отовица, Новачани, Кумарино и Сујаклари, како и подрачјето околу езерото Младост се напојува преку среднонапонскиот 10кВ извод „Црн Врв Нов“. На овој среднонапонски извод се поврзани вкупно 43 трафостаници (10/0,4 кВ) со комбинирана сопственичка структура, поконкретно, дел се во сопственост на Електродистрибуција, а дел во приватна сопственост.

Во изминатиот период, на овој извод се реализирани планирани активности за реконструкција на мрежата од страна на екипите на Електродистрибуција, а за ваквите зафати неопходно е да се обезбеди безнапонска состојба.

За планираните активности навремено се известени сите засегнати страни согласно стандардните процедури применливи низ целата држава, а истите се објавуваат и на веб страната на Електродистрибуција.

На 11.01.2026 околу 12 часот настана дефект на истиот извод, како резултат на силниот ветер кој го зафати регионот. Екипите на Електродистрибуција работеа на отстранување на дефектот и покрај лошите временски и теренски услови и успеаја да го нормализираат снабдувањето во 16 часот. Сите корисници имаат стабилно снабдување со електрична енергија – стои во соопштението на ЕВН.