Европарламентот го усвои составот на новата Европска комисија

Изгласан новиот состав на Европската Комисија. На чело со првата жена претседател Урсула фон дер Лајен и со тимот од 26-те нови комесари, негова задача ќе биде во следните пет години да ја зајакне кохезивноста на Европскатата унија, но и нејзината економија. Во пресрет на гласањето, германската конзервативка на парламентарците им ги претстави својот кабинет и програма, при што ги охрабри земјите од Западен Балкан кон нивниот евроинтегративен пат.

“Треба да им покажеме на нашите пријатели од Западен Балкан дека споделуваме ист континент, иста историја, иста култура и ја делиме истата судбина. Нашата врата останува отворена”

Во Парламентот во Стразбур 461 пратеник гласаа „за“, 157 беа против, а 89 гласаа воздржано. Новата Еврокомисија треба да почне со работа на 1-ви декември.