Европската комисија ги започна преговорите со Албанија, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора за нивно вклучување во европскиот режим „Роаминг како дома“. Со тоа, на граѓаните кои патуваат меѓу Европската Унија и Западен Балкан би им било овозможено да користат мобилни повици, СМС-пораки и интернет без дополнителни трошоци за роаминг. Од Европската комисија соопштија дека преговорите се започнати ...
Read More »Tag Archives: Европската комисија
Извештајот на ЕК: Бара подобра заштита на националните малцинства во Албанија правата постојат на хартија, но нивната примена останува предизвик
Заштитата на националните малцинства во Република Албанија и натаму бара дополнителни напори, особено во спроведувањето на законските гаранции и остварувањето на правата во секојдневниот живот. Ова е еден од акцентите во Извештајот на Европската комисија за Република Албанија објавен на 4 ноември 2026 година. Во документот се нагласува дека, и покрај постоењето на законска рамка за заштита на националните малцинства, ...
Read More »Објавен Вториот повик за предлог-проекти во рамките на ИПА III Програмата за прекугранична соработка Македонија – Албанија 2021–2027
Европската комисија го објави вториот повик за доставување предлог-проекти во рамките на ИПА III-програмата за прекугранична соработка Македонија – Албанија 2021 – 2027, со наслов „Програма за прекугранична соработка Македонија – Албанија во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III), алокации за 2024 година“ – соопшти Министерството за локална самоуправа. Повикот има цел да ги поттикне организациите од двете ...
Read More »ЕК предлага постепена интеграција и заштита од назадување на новите членки
Европската комисија денеска го објави предлог за дискусија за идното проширување во кое на земјите-кандидатки им се нуди постепена интеграција, но со заштитни клаузули што треба да обезбедат дека новите членки ќе го почитуваат тоа на што се обврзале во преговорите. Во документот „Подготовки за поширока Унија“, ЕК предлага насоки и практични чекори за идното проширување. Земјите-кандидатки би можеле ...
Read More »ЕК се очекува да ја поддржи целта на Албанија за завршување на преговорите до 2027 година
Европската комисија се очекува официјално да ја поддржи целта на Албанија за завршување на пристапните преговори за членство во Европската Унија до крајот на 2027 година, објави „Еуроњуз“, повикувајќи се на претставници на ЕУ. Според информациите, рокот би бил вклучен во нова патна карта за Албанија, која ќе содржи конкретни реформи, цели и резултати што земјата треба да ги исполни ...
Read More »ЕУ назначи главен советник за помирување и нормализација на Западен Балкан
Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација на Западен Балкан во рамките на Генералниот директорат за проширување и источно соседство, соопшти Европската комисија, а пренесе регионалната телевизија „Н1“. Генералниот директорат е задолжен за политиката на проширување на Европската Унија и за односите со источните соседи на Унијата, обезбедувајќи поддршка за земјите со ...
Read More »Европската комисија предложи 21-от пакет санкции против Русија
Европската комисија денес го предложи својот 21-ви пакет санкции против Русија, фокусирајќи се на секторите со најголемо влијание – енергетика, финансиски услуги и криптовалути, трговија, вклучувајќи за прв пат рибарство, како и забрана за влез на руски борбени авиони во ЕУ. Претставувајќи го пакетот, претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, изјави дека на енергетскиот фронт, ЕУ сака да го ...
Read More »ЕК препорачува целосно укинување на внатрешните гранични проверки помеѓу земјите од Шенген зоната
Европската комисија денеска препорача целосно укинување на внатрешните гранични проверки меѓу земјите од Шенген зоната (Австрија, Данска, Франција, Германија, Италија, Холандија, Норвешка, Словенија и Шведска), кои продолжуваат да вршат проверки на внатрешните граници. ЕК препорачува постепено укинување на проверките со оглед на претстојното стапување во сила на новите европски правила за азил и миграција на 12 јуни. Законодавството на ЕУ ...
Read More »Западен Балкан чекор поблиску до европскиот роаминг
Европската комисија објави дека ќе побара одобрение од Европскиот совет за отворање преговори со шесте земји од Западен Балкан за укинување на роамингот за оние кои патуваат во земјите од ЕУ. Ова би се однесувало на Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Роаминг зоната на ЕУ им овозможува на корисниците да имаат пристап до интернет, да прават повици ...
Read More »ЕУ воведува забрана за уништување на непродадените облека и обувки
Европската комисија усвои мерки за спречување на уништување на непродадена облека, додатоци за облека и обувки со цел да се поттикне рециклирањето и да се намали штетата врз животната средина. Ова е уште еден чекор во промовирањето на циркуларна економија низ цела ЕУ, соопшти ЕК. Забраната за уништување на непродадена облека и обувки ќе биде задолжителна за големите компании од ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden