Европската слободна алијанса бара почитување на човековите права на македонските политички затвореници

Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права, Бил Николов се сретна со претседателката на Европската Слободна Алијанса (ЕФА) Лорена Лопез де Лакал и со советникот за односи со јавноста Пол Бучер на 26 јануари 2023 година, да разговара за сериозните прашања со кои се соочени Македонците, вклучително за ужасните затворски услови во кои се држат политичките затвореници во Република Македонија – поради нивното несогласување со принудното и крајно навредливо преименување на државата во „Северна Македонија“ – како и за зачестените случаи на насилство, закани и кршење на основните човекови права ширум Балканот кои следеа, исто така, како резултат од принудното менување на името, идентитетот и историјата кои им се наметнуваат на Македонците.

ЕФА постојано ги штити човековите права на Македонците и правото на самоопределување. ММДЧП изразува искрена благодарност за долгогодишната поддршка од ЕФА, вклучително и за нивното соопштение за јавноста од 7 февруари 2023 година:

Европската Слободна Алијанса (ЕФА) бара достоинствен однос и почитување на човековите права на македонските политички затвореници

https://e-f-a.org/2023/02/07/efa-calls-for-dignity-and-human-rights-for-macedonian-political-prisoners/

Група активисти се уапсени од 2017 година и се изложени на понижувачки однос во македонскиот затворски систем. Мнозина од нив се уапсени врз основа на сомнителни обвиненија. Нивните случаи претставуваат политички прогон, поради нивното противење на напорите на владата да наметне промена на името спротивно на волјата на мнозинството на населението, што кулминираше со „Преспанскиот договор“ со Грција.

Денес овие политички затвореници се изложени на неподносливи затворски услови, вклучувајќи и ускратување на итно потребна лекарска нега.

Длабога загриженост

Во 2021 година Комитетот за забрана на тортурата на Советот на Европа усвои извештај во кој се изразува сериозна загриженост за затворските услови во земјата, и особено се посочува физичкото малтретирање на затворениците и негрижата за нивните медицински потреби. При неодамнешна средба со Европската Слободна Алијанса, Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права укажа дека тие покренале неколку процеси пред Европскиот Суд за Човекови Права во врска со оваа состојба, и дека бараат правдина за политичките затвореници.

Претседателот на ЕФА Лорена Лопез де Ласкал изјави: „ЕУ и меѓународните институции не смеат да продолжат со пофалбите за Република Македонија за нејзиниот наводен напредок кон членство во ЕУ, ако во исто време замолчуваат за политички мотивираниот прогон и за ужасните затворски услови. Тука се доведени во прашање европските вредности, истите европски вредности кои земјата треба да почне да ги почитува за да си го отвори патот кон ЕУ.

Одбрана на слободите

ЕФА се залага за одбрана на слободата на говорот и силно го осудува секој вид на прогонување со кое се сузбива изразување на легитимна политичка критика. Подвлекуваме дека македонскиот народ има право да се идентификува како што сака, да си ја слави својата култура без да капитулира пред странски барања и да изрази несогласување со неправедните политички на власта без да се плаши од казна“.

ЕФА долго време го брани правото на македонскиот народ на достоинство и на само-определување, во соработка со нашата членка, партијата ОМО Илинден – Пирин. Изразуваме длабока загриженост за се полошата атмосфера на закани и насилство со кои е соочена македонската заедница во Бугарија, што кулминираше со неодамнешниот напад врз просториите на Македонскиот културен клуб во Благоевград. ЕФА повикува на признавање, толеранција и почит за оваа многу намачена заедница и за итна осуда од страна на бугарските власти на секој вид на расно мотивирано непријателство против нив.

Advertisement