Европската слободна алијанса се приклучи на повикот на ММДЧП за прекинување на антиимакедонските преговори за името

Европската Слободна Алијанса се приклучи на повикот на ММДЧП да се стави крај на антимакедонските преговори за името и повика на поддршка за Македонија за остварување на најосновното право за самоопределување.

“ЕФА е единствената европска политичка партија која го брани правото на самоопределување, право засновано на меѓународното право. Правото да одлучувате за сопствената иднина истовремено значи и право да ја дефинирате и да ја именувате вашата земја. ЕФА ги поддржува демократските аспирации на Македонија како нација и како држава да си го избере своето име.” – Гинтер Даувен, директор на ЕФА.

ММДЧП искрено и’ се заблагодарува на ЕФА за нејзината огромна поддршка и упатува повик до другите политички партии, до организациите за човекови права, до институциите како што се Обединетите Нации, Европската Унија и НАТО, како и индивидуалните држави да ги исполнат своите обврски според меѓународните конвенции за човекови права и да ги поддржат основните принципи на Македонија во остварувањето на човековото право на самоопределување. Овие институции не можат да тврдат дека имаат морален авторитет доколку не се подготвени да ги почитуваат сопствените самопрогласени принципи за човекови права.

Македонија е и отсекогаш била нашето име. Македонецот е, и отсекогаш бил, наш етнички идентитет. Нашите угнетувачи не можат да бидат наградени заради угнетување. Нашето име е Македонија. Дадете поддршка.