Европски суд за човекови права: Пресуда против Турција за затворање на опозициски новинари

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ја осуди Турција поради притворање на десет новинари на опозицискиот весник „Чумхуриет“ во 2016 година под сомнение „за правење на пропаганда за организации кои се прогласени за терористички” од страна на турскиот режим, јави дописникот на МИА. Мерката притвор, што беше изречена во контекст на кривичната постапка против нив, претставува мешање во остварувањето на нивното право на слобода на изразување, оцени во својата пресуда судот од Стразбур. Еден од жалителите, кој беше во притвор од 2016 година, излезе на слобода во април во 2018 година.

Advertisement