Европскиот парламент ја изгласа Иницијативата за заштита на малцинствата SafePack

 

Европскиот парламент со големо мнозинство пред три дена ја изгласа Резолуцијата за малцински безбедносен пакет, иницирана од петиција потпишана од повеќе од еден милион граѓани на земјите членки на ЕУ. Целта на оваа Резолуција е да се заштитат правата на малцинствата во ЕУ.

За резолуцијата гласале 524 европратеници, 67 биле против и 103 воздржани.

Сега треба Европската комисија да предложи законски акти за заштита на јазиците на малцинствата и на повеќејазичноста, кои сите земји членки на ЕУ ќе треба да ги усвојат како дел своето законодавство.

Европскиот парламент заклучи дека националните и јазичните малцинства во ЕУ се соочуваат со асимилација и ги губат своите јазици.

Европратениците се согласија дека земјите членки се одговорни за заштита на правата на малцинствата, но истакнаа дека очекуваат заедничка рамка на минимални стандарди на ЕУ за заштита на малцинските права.

Тие додадоа дека регионалните јазици мора да се промовираат, јазичните права да се заштитат таму каде што се користи повеќе од еден службен јазик, и јазичните заедници да се бранат во согласност со основните права.

ЕП исто така ја изрази својата загриженост за алармантното зголемување на злосторствата од омраза и од говорот на омраза против лица кои припаѓаат на малцински групи. Безбедносниот пакет за заштита на малцинските права содржи препораки на ЕУ за заштита на културната и јазичната разновидност; програми за финансирање на мали јазични заедници; создавање центар за јазична разновидност; фондови за регионален развој на ЕУ за покривање на заштитата на националните малцинства; истражување за вредноста на малцинствата во нивните општества; приближна еднаквост за малцинствата без државјанство.

Македонско друштво ”Илинден”-Тирана е рамноправен член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) и како дел од иницијатива за малцинство SafePack “Ти не си сам. Еден милион потписи за разновидност во Европа” ги повикува сите македонци во Албанија и Европа да дадат свој потпис за ова важна кампања за правата на малциствата во европа вклучуваќи и македонското национално малциство во Албанија и во Европа. Свој потпис за Иницијативата за малцинство SafePack даде и претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај.

Advertisement