Европскиот суд ја осуди Германија поради загадениот воздух во градовите

Европскиот суд во Луксембург денеска ја осуди Германија поради долгогодишното зголеменото присуство на азот оксид во градовите. Европска комисија во 2018 година поднесе тужба протиув Германија поради долготрајното и зголемено присуство на азот оксид на годишно ниво дозволено од страна на Европска Унија. ЕК тогаш утврди дека Германија од 2010 година „систематски и континуирано“ не ги почитува стандардни вредности во 26 градови, вклучително Берлин, Хамбург, Минхен и Штутгарт.

Германија не ги исполни своите обврски според упатствата на ЕУ… Германија не презеде соодветни мерки за ограничување на азот оксид, се наведува во образложението на Европскиот суд. Европскиот суд ги отфрли приговорите на Германија истакнувајќи дека зголемената вредност на азот оксид не е поврзано само со автомобилите туку и со индустријата и употребата на јаглен.

Германскиот сојуз за еколошка помош ја поздрави пресудата на Судот во Луксембург, истакнувајќи дека има „долгорочно значење во борбата за почист воздух. Сојузот в 2011 година поднесе повеќе тужби против германските градови каде беше пречекорена вредноста на азот оксид, а се избори и да се забранат дизел возилата во одредени делови од градовите. Тоа ја иницира и дебатата за иднината на дизел возилата.

Според податоци на германското  Министерство за животна средина, квалитетот на воздухот во градовите е значително подобрен од 2016 година. Додека во 2016 година вредностите на азот оксид беа надминати во 90 градови, минатата година тоа беше случај само со шест. Тоа се должи на владините мерки за модернизација на градскиот превоз, но и поради значително намалениот обем на сообраќај минатата година поради пандемијата со Ковид-19.

Advertisement