
Денска Европскиот суд на правдата ја донесе својата конечна одлука за иницијативата SafePack. Судот ја отфрли жалбата и уште еднаш ја потврди одлуката на Европската комисија да не предлага правни акти врз основа на Европската граѓанска иницијатива. МСПИ повика на заштита и промоција на културата и јазикот на автохтоните национални малцинства и јазични групи во Европа.
Во име на иницијативата SafePack за малцинствата, претседателот на ФУЕН и Европратеник, Лорант Винце изјави:
„Граѓанскиот комитет, ФУЕН и неговите партнери ја прифаќаат одлуката на Судот и сметаат дека ЕУ не успеала да обезбеди пофер и порамноправно општество за сите свои граѓани. За жал, ова не е изненадување, сигналите од нивната насока беа јасни – ЕУ сè уште не сака да се справи со прашањето за заштита на малцинствата, кое некои земји-членки го сметаат за премногу чувствително.
Следствено, луѓето што припаѓаат на националните малцинства и јазичните групи се чувствуваат постојано изоставени од сите активности на ЕУ за различност, еднаквост и правда, вклучително и владеењето на правото.“
ФУЕН и нејзините партнери остануваат посветени на продолжување на борбата за стандардите за заштита на националните малцинства и јазичните групи во Европа:
„Правата на националните малцинства и јазичните групи во Европа се намалија во текот на изминатата деценија. Многу заедници се соочуваат со културна асимилација и губење на нивните јазици. Европските институции и националните влади сè уште не ја сфаќаат сериозноста на ситуацијата. На есен, ФУЕН и нејзините партнери ќе го лансираат „Манифестот на малцинствата за иднината“, кој ќе ја истакне визијата и заедничкиот акционен план за сите малцински организации во Европа. Оваа иницијатива ќе ги повика ЕУ, Советот на Европа, ОБСЕ и ООН да ги заштитат и промовираат малцинските култури и јазици и да ги заштитат нивните права“, рече Лорант Винце.
Претседателот на FUEN изрази благодарност до сите што придонесоа за овој напор: Граѓанскиот комитет, РМДСЗ, СВП, и УЕН како иницијатори, тимот за кампања; адвокатот Томас Хибер и неговиот тим за застапување на МСПИ. стотиците вклучени организации, повеќе од еден милион поддржувачи, Европскиот парламент, Бундестагот, Унгарскиот и Холандскиот парламент и регионалните парламенти кои ја понудија својата поддршка.
Организацијата ќе се темели на овие достигнувања и ќе продолжи да ја води борбата за заштита на малцинствата во ЕУ.
Свој потпис за иницијативата SafePack за малцинствата даде и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, потписите беа симболично напишани на голем картата на Европа./www.fuen.org
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden