„Езерската средба – Охрид 2019” во Поградец

Изминатиов викенд, во Поградец, на албанската страна од Охридското Езеро, во организација на Зружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македонија, за општините Охрид и Дебрца, како и локалната асоцијација на албанското Здружение за Поградец, се одржа вториот дел, од Втората „Езерска средба – Охрид 2019”. Првиот дел се одржа во Охрид, под покровителство на локалната самоуправа, односно на градоначалникот на општина Охрид, Константин Горгиевски. Учествуваа високи претставници на здруженијата на ветерани од одбраната и безбедноста од двете земји. како и претставници на градовите кои гравитираат околу Охридското и Преспанското Езеро. Во името на првиот човек на македонското Здружение, генерал Филип Котели, како и во свое име, на учесниците им се обрати генерал Зехедин Туши.


Оваа среба, како и претходната во Охрид, ги манифестира дометите на локалната дипломатија, и ако сакате – дометите на, колоквијално кажано – пензионерската дипломатија. Ова средба, по интимноста, блискоста, почитувањето и взаемната радост и разбирање, всушност е своевидна езерска свадба. Пријателството помегу народите од различни земји и култури, практично, е безгранично, кога се потпира на взаемното разбирање, нагласи генерал Туши. Домаќинот, претседателот на Здружението на ветераните од Поградец, Перикли Дима, организирал ручек, со вистинско свадбарско мени, музика со албански и македонски народни напеви, пијалок, а после сето тоа – оро и песна до бескрај!

Нема лоши народи, нема лоши луге, сите сме браќа и сестри со по еден живот даден од Севишниот. Да им се радуваме на блиските по мисла и дело, подалеку од дневната политика, потенцираше Дима во емотивниот говор. Претседателот на Општинската организација на Здружението за Охриди и Дебрца, полковник Добре Вељаноски, донел подароци за домаќините. Колку да им возврати на организацискиот напор, искреноста во желбите и намерите. Колку сме блиски, колку сме биле едни низ историјата и денеска, нека ви потврди една случајност, ако воопшто случајности постојат. Мегу великаните од историјата, чиии бисти доминираат во паркот насред Поградец, гордо се извишува бистата на Митруш Кутељи, додека претседател на македонскиот Сојуз на здруженијата на ветераните од одбраната и заштитата е генарлот Филип Котели, со корени од овој крај, нагласи, мегу другото, Вељаноски.