Федералната унија на европските националности изгласа резолуција поднесена од Македонско друштво “Илинден”-Тирана 

Федералната унија на европските националности (ФУЕН) на 68-от Конгрес што се одржуваше во Хусум, Германија, едногласно усвои Резолуција поднесена од Македонско друштво “Илинден”-Тирана.

Резолуција поднесена од Македонско друштво “Илинден”-Тирана

1.Македонско друштво “Илинден“-Тирана и македонско национално малциство во Република Албанија бара од Владата на Република Албанија, досегашното тело Комитетот за национални малцинства од консултативно тело на Владата да прерасне во Агенција за национални малцинства со посериозни и обврзувачки ингеренции за афирмација на националните малцинства во Република Албанија. Комитетот за националните малцинства е формиран во 2004 година од страна на албанската Влада како централна институција формирана од Владата, со задача да ја подобри заштитата на малцинствата во земјата. Како што е утврдено во многу извештаи на меѓународни институции кои се занимаваат со правата на малцинствата, оваа институција е подложна на политичко мешање, што резултира со нејзина целосна контрола од извршната власт и нејзина трансформација од тело за заштита на малцинствата, во тело штетно за дијалогот меѓу Владата и малцинствата.

Затоа, сметаме дека Комитетот за националните малцинства треба да биде независен и активен глас на малцинствата, со способност да учествува во дијалог со Владата за заштита и подобрување на правата на малцинствата во Република Албанија, а неговата работа да биде јавна и присутна на медиумите во државата.

ФУЕН ја повикува владата на Република Албанија да:

• Размислете за промена на сегашниот Комитет на националните малцинства од консултативно тело во независна Агенција на националните малцинства која ќе има посериозни и обврзувачки надлежности за ги афирмира националните малцинства во Република Албанија.

Резолуција, Федералната унија на европските националности (ФУЕН) ќе ја достави до Владата на Република Албанија, шефот на државата, парламентот, комитетот за национални малциства, комисарот за дискриминација, амбасади и меѓународните институци.

Македонско друштво ”Илинден”-Тирана од 16. 05. 2015 година е член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и стана прво друштво на Македонци надвор од матичната држава, во Европа, кое е рамноправен член, со право на глас. На Конгресот присуствувале претставници од 105 организации членки од 36 земји во Европа.

Advertisement