
Федералната унија на европските националности упати честитка за Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
Денес, на 21 февруари, го славиме Меѓународниот ден на мајчиниот јазик за да ја промовираме јазичната различност и повеќејазичноста!
Повеќе од 40% од светското население нема пристап до образование на својот мајчин јазик, а многу јазици на малцинствата се во опасност да исчезнат. Низ Европа, нашите организации членки работат деноноќно за да ги заштитат и промовираат своите јазици затоа што јазикот е идентитет!
Ние во ФУЕН сме посветени на заштита на јазичната разновидност. Заедно, се грижиме да не се заборави ниту еден јазик!– стои во честитката на Федералната унија на европските националности.
Македонско друштво ”Илинден”-Тирана е член на Федералната унија на европските Националности од 16. мај 2015 година и дел од Работната група на словенските малцинства при ФУЕН.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden