Федералната Унија на Европските Националности: Зборувате ли корона? Македонците во Албанија се соочени со низа проблеми поради Ковид-19  

„Бевме среќи што во деловите на Албанија каде што живеат најголемиот број Македонци, досега немаше случаи на лица заразени од корона вирусот. Македонците од Голо Брдо, Мала Преспа и Гора ги почитуваа мерките за претпазливост воведени од албанската Влада за да се спречи ширењето на Ковид – 19, вели Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, организација која веќе пет години е членка на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН).

Никола и неговата сопруга Лизбет не информираа за проблемите со кои се соочува нивната заедница за време на пандемијата на Ковид – 19. Еден од проблемите со кои се соочени е што скоро ниту страница од материјалот за болеста и за совети за лична заштита што го делат албанските власти не беше преведен на македонски јазик.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана постојано ги информира Македонците во Албанија за состојбата со вирусот во Албанија, и во матичната земја Македонија. Канцеларијата на Советот на Европа во Тирана исто така изработи брошура за вирусот на малцинските јазици – на македонски, влашки, босански, грчки, ромски и српски.

Но ударот врз економијата кој беше предизвикан од мерките за спречување на ширењето на вирусот станува се поголем проблем. Дури и пред епидемијата, Голо Брдо, Мала Преспа и Гора, кои се некои од регионите каде што Македонците живеат во Албанија, беа меѓу најсиромашните делови во земјата. Поради ова, тие се сега и најтешко погодени од невработеноста, како и од недостиг на храна и лекови. „Нашиот главен проблем во моментов е снабдувањето со храна. Има многу малку помош на располагање“, велат Никола и Лизбет.

Македонците се официјално признато малцинство во Албанија. Според официјалната статистика, има 5.500 Македонци во Албанија, но неофицијално, бројките се многу повисоки, дури до 120.000.

Во април 2020 година ФУЕН изврши анкета насловена „Дали зборувате корона?“ за состојбата со малцинствата во Европа за време на пандемијата. Оваа интернет анкета се фокусираше на тоа дали малцинските народи имаат доволно информативен материјал за Ковид – 19, како и за здравствените прашања воопшто, за достапноста на итната помош, на нивниот мајчин јазик, како и дали државите нудат образование на мајчин јазик преку интернет за време на епидемијата. Резултатите од овој извештај се достапни тука, а целиот извештај можете да го симнете во ПДФ формат тука. Серијата истражувања е дел од проектот Дали зборувате корона?

Advertisement