
Фестивалот ќе биде отворен на 4 февруари во 20 часот со филмот „Ана Каренина: Приказната на Вронски“ на современиот руски режисер Карен Шахназаров. На свеченото отворање на „Руска зима“, покрај поздравните обраќања на директорот на Кинотеката на Македонија Владимир Ангелов и амбасадорот на Руската федерација во Македонија Сергеј Баздникин, на Карен Шахназаров, кој доаѓа во Скопје по повод оваа пригода, ќе му биде доделена и почесената титула Doctor Honoris Causa на Универзитетот за аудиовизуелни ЕФТА, со пригодна беседа на Јордан Плевнеш.
Фестивалот, кој ќе трае до крајот на февруари, претставува вистинска можност за македонските филмофили и љубители на руската култура да се запознаат со некои од најважните остварувања на руската кинематографија.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden