Фондацијата Трајче Мукаетов го објави конкурсот за стипендирање

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2019 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-12/1 усвоена на ден 01.10.2019 година објавува

КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по фармација

1.    УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА

•    Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по фармација на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во трета или четврта година од студии
•    Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
•    Да не повторувале година во текот на студирањето

2.    ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

•    Молба
•    Кратко CV
•    Потврда за редовно запишан петти или седми семестер за учебната 2019/2020 година
•    Уверение за положени испити и постигнат успех

3.    НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ 

Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса:
Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје, Македонија
Булевар: „Александар Македонски“ бр.12 1000 Скопје
Документите се поднесуваат од 07.10.2019 година до 22.10.2019 година исклучиво по пошта.

4.    ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА

Ќе се стипендираат 20 студенти од третта година и четврта година Фармацевтски факултет.
Висината на стипендијата ќе изнесува 6.500,00 денари месечно (нетто износ). Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат. За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.

Advertisement