
Претставници од организациите TETRACTYS и Геомједис, поддржани од француската амбасада, денеска беа во посета на Пустец, каде имаа средба со градоначалникот Пали Колефски и претставници од секторот за туризам.
“Посетата е во рамки на иницијатива за запознавање со туристичките потенцијали на југоисточниот регион на Албанија, вклучително и областа Преспа. Целта е вклучување на Преспа во туристичките промоции, со што ќе се придонесе за зголемување на бројот на посетители и меѓународна промоција на регионот, објави општина Пустец
Додава дека за време на престојот во Пустец, гостите се запознале со “бројните атракции во регионот и познатите, но и оние што сè уште не се истражени и изразија подготвеност за нова соработка и заеднички проекти во иднина”.
Бројот на туристи кои ја посетуваат областа е во постојан раст. Годинава, за девет месеци ја посетиле околу 50 илјади туристи.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden