Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години победи против Албанија 

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години забележа пресврт-победа од 2-1 над соодветната селекција на Албанија, во нивниот втор меѓусебен пријателски натпревар одржан во Охрид.

Нашите фудбалски надежи пред само три дена одиграа без победник против истиот противник, но денес не дозволија нов кикс и со поорганизарана и поквалитетна игра стигнаа до минимална победа.

Албанија прва го отвори резултатот и во 9. минута поведе со 0-1, но пред крајот на првиот дел стигна израмнувањето, додека пресвртот беше комплетиран во 53. минута. За избраниците на Горан Станиќ ова им беше втор контролен циклус оваа година.

Advertisement