Генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка во посета на Македонија

Новоназначената генерална секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС), Мајлинда Брегу денеска престојува во работна посета на Македонија. Мајлинда Брегу на почетокот на годинава ја презеде должноста генерална секретарка на Регионалниот совет за соработка, извршно тело на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, чиј основач и полноправен член е и Република Македонија. Таа на функција дојде откако во април минатата година министрите за надворешни работи на земјите-членки на Процесот, на самитот во Словенија. Мајлинда Брегу е искусна политичарка од Албанија, поранешна министерка за евроинтеграции, која силно ја поддржува Европската унија. Брегу функцијата ја презеде од Горан Свилановиќ, кој беше на чело на Регионалниот совет за соработка од 2013 до 2018 година, во два мандата.

Advertisement