Германецот Aлександар Студзински и италијнката Барбара Позобон се победници на 31-от Охридски пливачки маратон

Александар Стуџински од Германија победи на 31-от Охридски пливачки маратон. Тој 30 километри долгата патека од Св.Наум до Охрид ја помина со време од 5 часа 15 минути и 14 секунди. Втор на целта заврши Евгениј Поп Ацев од Македонија кој зад победникот заостана само една секунда, односно пристигна со време од 5.15.15. Третото место му припадна на Бертоли Гилермо од Аргентина со време 5.15.16. Во женска конкуренција прва заврши италијанката Барбара Поцбон со време 5 часа, 15 минути и 51 секунда, второ место Аличе Франго од Италија, а трета е Мартина Гриналди исто така од Италија. Во прилог на пливачите одеше убавото време и мирното езеро. На стартот се појавија вкупно 22 пливачи од кои 12 во машка и 7 во женска конкуренција.

Двајца пливачи се откажаа во текот на трката и тоа Александар Илиевски од Македонија и Марсел Шутен од Холандија. „Активно учествував на една од највозбудливите трки во историјата на Охридскиот пливачки маратон. Воопшто не сум разочаран што не стигнав до првата позиција, бидејќи Стуџински имаше повеќе сила и енергија во финишот“. – изјави Евгениј Поп Ацев второ место од Македонија

Охридскиот пливачки маратон е дел од Гран При серијата на Светската пливачка федерација и се одржува под покровителство на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.

Advertisement