Германија: Насилни протести во Кемниц откако мигранти убија Германец (ВИДЕО)

 

Најмалку шест лица се повредени откако се судрија демонстранти во Кемниц, на истокот на Германија. Полицијата навела дека не мобилизирала доволно луѓе за да сречат судир на демонстрантите кај споменикот на Карл Маркс. Десничарите извикувале дека Ангела Меркел мора да си замине и носеле транспаренти на кои пишувало „Запрете го мигрантскиот бран“.

На собирот имало транспаренти на кои пишувало „Менуваме расисти за бегалци“.Протестите беа предизвикани откако во неделата на градски фестивал со нож беше избоден 35-годишен Германец кој почина во болница. Под нејасни околности беа повредени уште две лица, а уапсени беа 22-годишен Ирачанин и 23-годишен Сириец. Полицијата не соопшти детали за убиството.

 

 

Advertisement