Германија поради коронавирусот се задолжи над 650 милијарди евра

Германската држава, провинции и општини ќе позајмат 650 милијарди евра во борбата против коронавирусот, се вели во студијата на Институтот за германска економија (IW).

„Во зависност од тоа што ќе се случи во следните недели и месеци, тој број може да биде уште поголем“, рече директорот на Институтот, Мајкл Хатер.

Експертите сметаат дека брзото намалување на задолженоста треба да се напушти и дека е подобро да се остави повеќе простор за институцијата да дејствува во однос на потребните инвестиции.

Advertisement