Германија: Во неколку акции запленето оружје и муниција

Aкциите биле спроведени на четири локации во рамките на истрагата поврзана со маж осомничен дека е поврзан со исламски екстремисти. Германската полиција во повеќе акции во Берлин заплени оружје и поголемо количество муниција, а едно лице е приведено. Рациите биле спроведени на четири локации во рамките на истрагата поврзана со маж осомничен дека е поврзан со исламски екстремисти. Во акциите уапсен е еден 40-годишен Германец, кој во текот на денот треба да се појави пред суд. Полицијата не прецизира колку оружје и муниција се запленети.