Германска пратеничка ќе се обиде да ја реши политичката криза во Албанија

 

Претседателот на Албанија, Илир Мета, денес го поздрави посебниот напор на германскиот Бундестаг, особено на парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ да спречи натамошно продлабочување на политичката криза во земјата.

Тој благодарноста ја изрази директно на средба со германската пратеничка, Катја Лајкерт, замеик шеф на групата ЦДУ/ЦСУ.

По средбата со Лајкерт Мета изјави:„Ако албанските политичари не можат да научат ништо од земји кои имаат цврста демократија тогаш тоа можат од новата држава Косово каде граѓаните имаат можност да го кажат нивниот збор на предревмени избор“.

Advertisement