
Добредојдени сте како членки на ЕУ, но не нудиме никакви попусти, им рече германскиот канцелар Мерц на лидерите од Западен Балкан на самитот на Берлинскиот процес во Лондон.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го поддржува ЕУ-курсот на земјите од Западен Балкан. „Би сакал уште еднаш да нагласам: Овие земји, кои ги нарекуваме земји од Западен Балкан, ни припаѓаат“, рече тој вчера по самитот во рамките на таканаречениот Берлински процес што се одржа во Лондон. Тој на претставниците на шесте држави им рече дека се добредојдени како членки на ЕУ. „Меѓусебно се третираме како рамноправни партнери, а тоа не е мал подвиг во овој регион, кој сè уште е прогонуван од сенката на минатото и каде што сè уште постои националистичка, раздорна реторика“.
Германскиот канцелар ги повика посебно Србија и Косово да ги надминат своите разлики. „Време е овие две земји целосно да ги спроведат обврските што ги презедоа“, рече тој. Мерц нагласи дека од секоја земја зависи дали и кога може да се приклучи на ЕУ.
„Реформите во овие земји се клучот за тоа. Како Европска Унија, ние тука не можеме и нема да понудиме никакви попусти.
Следната конференција, која исто така ќе служи за промовирање на соработката меѓу земјите од Западен Балкан, треба да се одржи во Црна Гора следната година.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden