Германското разузнавање не смее да ја шпионира АфД

 

Германски управен суд во вторникот донесе одлука дека домашната разузнавачка агенција незаконски најавила засилена контрола на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), пренесува „Локал“.

Пресудувајќи во корист на АфД, Управниот суд во Келн изјави дека безбедносната агенција пречекорила својот мандат. Прогласувањето на целата партија како случај за зголемен надзор” предизвикува негативен ефект во јавноста, смета судот. Таквите прекршувања на правата на политичка партија можат да се направат само ако постои експлицитно законско овластување.

„Затоа, потегот на разузнавачката служба е незаконски и непропорционален“, се вели во пресудата.

Одлуката беше донесена откако АфД поднесе барање за забрзана постапка пред европските избори во мај 2019 година и трите германски државни избори што ќе се одржат во септември и во октомври.

Алтернатива за Германија, која постои веќе пет години, е најголемата опозициска партија во земјата и е против мултикултурализмот, исламот и имиграцската политика на канцеларката Ангела Меркел, која ја нарекува предавник.

Во својата одлука од 15 јануари да го засили надзорот над АфДБфВ рече дека има првичнииндикации за политиките на АфД кои одат против демократијата.

Но, агенцијата не се реши за целосен надзор на целата партија бидејќи досегашните информациисе недоволни за налог за надзор вклучувајќи ги тука и телефонските и електронските прислушувања, употребата на инфлитрирани информатори и собирање на лични податоци за пратениците.

БфВ има мандат да стави под надзор поединци и групи, вклучувајќи ги и политичарите и партиите што ги смета за екстремистички и за закана за либералниот демократски поредок на државата. Во минатото под надзор беа ставени некои пратеници на екстремната левичарска опозициска партија Дие Линке, која делумно произлезе од поранешната комунистичка партија на Источна Германија.

Advertisement