Годинава, повторно ќе се одржи традиционалната манифестација „Македонско културно лето“ во Пустец

Годинава, повторно ќе се одржи традиционалната манифестација „Македонско културно лето“. Манифестацијата ќе се одржи во Пустец, Преспа, Република Албанија во периодот од 20 до 24 август 2021 година. Според предвидениот распоред, случувањата на манифестацијата „Македонско културно лето 2021“ ќе почнуваат во 19 часот, а ќе се одржуваат на плоштадот во Пустец.

Организатор на оваа значајна манифестација е Здружението „Сонце“ – Скопје и познатиот актер Едмонд Сотир. Неговото одржувањето годинава е поддржано од Министерството за култура на Македонија и на Албанија, компанијата „Кромберг и Шуберт“, Град Скопје, Општина Пустец, Клиничката болница Жан Митрев од Скопје и Народниот театар Јордан Хаџи Константинов – Џинот од Велес. Посакуваме и оваа година културна манифестација да биде успешна и да го продолжи досегашното ниво на квалитетни настапи.