Годишен помен за Спасе Мазенковски голем борец за правата на Македонците во Албанија

Помина една година без Спасе Мазенковски големиот македонски патриот, писател новинар и публицист од село Леска, Мала Преспа и еден од најголемите борци за правата на Македонците во Албанија.

Спасе Мазенковски целиот свој живот го посвети во афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен и верски идентитет и за унапредување на положбата и правата на Македонците во Република Албанија. Спасе Мазенковски влиот свој живот живееше и твореше во селото Леска, општина Пустец, областа Мала Преспа.

Спасе Мазенковски роден е 1953 во село Леска, Мала Преспа. Почина 2018 година, погребан е на селските гробишта во Леска.

Беше основач и претседател на Организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија “Друштво Преспа”, основач и главен уредник на весникот “Преспа”, основач на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција и учесник во сите активности на Македонците во Албанија од 1990 година до неговата смрт.

Спасе Мазенковски на македонски јазик има објавено неколку поетски збирки, книги, разкази и репортажи “Преспа моја”, “Разбојна китка”, “Торбулето на татко ми”, “Преспанска убавица”, “Лабид и Преспана”, “Рѓосани бисери”, “Историја на Македонскиот народ во Албанија”. На албански јазик ја има објавено книгата “Историја на Македонскиот народ”.

Беше член на Друштвото на писатели на Македонија и на Друштвото на писатели “Новиот свет” во Албанија. Македонците во Албанија не го забораваат неговиот огромен придонес во борбата за остварување на правата на Македонците во Албанија и зачувување на македонскиот национален идентитет.

Вечна му слава и за навек името и делото на Спасе Мазенковски.

Advertisement