Годишната Македонска средба во Горно Крчиште ќе се одржи на 27 мај 2023

На 27 мај 2023 година, сабота, со почеток во 9 часот, во село Горно Крчиште областа Полени, Маќелара, Република Албанија, ќе се одржи годишната Македонска средба по повод големиот Христиански празник Спасовден кај црквата Свети Спас која датира од 1232 година и е споменик на културата, каде ке има богослужба на македонски јазик. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги кани сите добронамерници, сите Македонци од областа Голо Брдо и од цела Република Албанија, и татковината Македонија. Програмата ќе биде збогатена со македонски песни и ора и вкусно македонско селско мени.

Advertisement