Годишно изборно собрание на Македонски клуб “Илинден” Лаацен, Хановер на 17 Ноември

Македонскиот клуб “Илинден”-Лаацен, Хановер на 17 ноември 2019 година, недела, ќе го одржи своето редовно годишно изборно собрание. Собранието ќе се одржи во просторите на Македонски клуб “Илинден” Лаацен, Хановер на адреса Kiefernweg 2, 30880 Laatzen, со почеток во 14 часот.

Собранието ќе избере записничар, ќе усвои извештај на работа и финансиски извештај, и ќе изврши избор на преседател, потпреседател, секретар, благајник и надзорен одбор од два члена.

Поканети се сите Македонци заради договор за нашите идни активности, чување и заштита на македонските вредности, традиции и обичаи и анимирање на помладите за работата на Македонскиот клуб “Илинден” Лаацен, Хановер – изјави претседателот на клубот Живко Лазаров.

Advertisement