Годишното обраќање на претседателот на Република Македонија Иванов во Собранието на 28 декември

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов на 28 декември, во 12 часот, ќе има редовно годишно обраќање пред пратениците во Собранието на Република Македонија. Известувањето за годишното обраќање на шефот на државата веќе е доставено до Собранието. Ова ќе биде последно обраќање на Иванов како шеф на државата, бидејќи неговиот мандат истекува на 12 мај наредната година.