Веќе трет ден беснее пожар во Националниот парк „Преспа“, Мала Преспа. Пожарот избувнал во близина на албанско-грчката граница а во неговото гаснење најпрво била вклучена територијалната противпожарна едница од Пустец а денеска уште други пет возила и повеќе пожарникари. Како што известуваат самите вработени, интервенцијата е тешка, бидејќи пожарот се наоѓа на врвот на планината „Остоја“, местото наречено Пирамида 10 на границата со Грција. Гори високо стеблеста шума.
Поради опасноста за проширување на пожарот и на грчка страна попладнево во гаснењето е вкучена грчката општина Преспа со два помали авиони. Во телефонскиот разговор со генералниот директор на Центарот за управување со кризи, Хаки Чако, во каснењето на пожарот ќе се вклучи и армијата, како и пожарникари од други општини од регионот Корча, наведува телевизијата.