Голема парада во Москва по повод 9 мај – Денот на победа над фашизмот

Со голема воена парада на Црвениот плоштад во Москва, Русија денеска го одбележува денот на победа над фашизмот. Годинава се одбележува 72 годипнината од капитулацијата на нацистичка Германија. Традиционално во Москва се одржува најголемата парада. На неа годината учествуваат 10.000 војници, 72 авиони и хеликоптери и над 114 парчиња воена техника.

За првпат на парадата учествуваше Младинската војска, составена од 90.000 момчиња и девојки. На парадата говореше и рускиот претседател Владимир Путин. Лекциите од минатото не повикуваат да бидеме внимателни, рече Путин додавајќи дека руските вооружени сили можат да идбијат секаков напад и да реагираат на која било закана.

Тој истакна дека Русија е подготвена за соработка и секогаш на страната на мирот. Настаните од минатото ни наметнуваат голема одговорност пред идните поколенија, да им го прнесеме духот на големата победа и да обезбедиме мир и безбедност, изјави Путин.

 

 

Advertisement