На 24.04.2019 во просториите на општина Корча, градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски, вработени во општината, претставници од невладината организација Алка одржаа работна средба со градоначалникот на Корча Сотираќ Фило и претставници од општината.
Тема на средбата беше соработка и изработка на проект на програмата за меѓугранична соработка преку ИПА 2 програмата на ЕУ.
При посетата на Корча градоначалникот на општина Крушево даде и свое итнервју за неколку албански медиуми преку кои порача дека интеграциајата во ЕУ и НАТО е од големо значење за општина Крушево и Македонија, а прекуграничната соработка со Албанија ќе придонесе и кон зацврстување на меѓуетничките односи меѓу македонскиот и албанскиот етникум.
„Во интервју за неколку албански телевизии кажав дека интеграцијата во ЕУ и НАТО на нашата земја е од големо значење за општина Крушево во однос на аплицирање кон фондовите, особено за заедничкиот пристап со останатите земји кандидати за влез во ЕУ и НАТО. Првата фаза од повикот дел од претпристапните фондови заедно со Корча ја поминавме и сега работиме на апликацијата за втора фаза и добивање на околу 600 000 евра за инвестирање во туризмот.
Дополнително, сакам да потенцирам дека преку ваков тип на соработки активно работиме на соживотот, меѓуетничкото прифаќање и соработка меѓу припадници на различни етникуми.“, изјави градоначалникот Христоски по враќањето од посетата на општина Корча.