Градоначалникот на општина Пустец, Пали Колевски одржа состанок на Комисијата за цивилна заштита

Градоначалникот на општина Пустец, областа Мала Преспа, Пали Колевски, денеска во Општина Пустец се одржа состанок на Комисијата за цивилна заштита, со цел да се преземат потребните технички и организациски мерки за справување со вонредни ситуации што можат да се појават во текот на зимскиот период во областа Мала Преспа и обврските што произлегуваат од законот 45/2019 „За цивилна заштита“. Општина Пустец, Мала Преспа е составена од 9 села, живеат околу 5 700 жители, сите од Македонско етничко потекло и со православна христијанска вероисповед.

Advertisement