Градоначалникот на Општина Ресен, Тозиевски освари работен состнаок со тимот кој работи на реализација на проектот за животна средина меѓу Ресен – Девол

Градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски одржав работен состанок со тимот кој работи на реализација на проектот ,,Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – Преспа”. Проектот е финансиран од Европската Унија како дел од програмата за прекугранична соработка Република Македонија и Република Албанија (ИПА 2) 2018 -2020. Всушност во реализацијата на проектот се вклучени Општина Ресен и Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп од македонска страна и Општина Девол и ДМО – Корча од албанска страна.
Целта на овој проект е да придонесе кон спречување на негативните ефекти на антропогените процеси врз животната средина, зголеменото одржливо користење на природните ресурси и подобра заштита на животната средина во сливот на Преспанското Езеро. Овој проект вклучува изградба на пречистителна станица во населено место Долно Перово.
– Изградба на канализациона мрежа во населеното место Долно Перово
– Размена на искуства со институции од Албанија
– Подготовка на Акционен план за менаџирање на on-line системи и отпадни води
– Зголемување на капацитетите на вработените од јавните институции
– Вклучување на најмладите преку едукација за заштита на животната средина и серија на други активности.
Целта не денешниот состанок беше размена на искуства во однос на координирањето и соработката со мерната станица во населеното место Стење, воспоставување на соработка со пречистителната станица во Езерани, соработка со јавното комунално претпријатие во Ресен и со општинската администрација од Ресен.
Advertisement