Граничниот премин Стрезимир – Рестелица во Гора кон Македонија, од 18 јули до 1 септември ќе биди отворен

Граничниот премин Стреизмир-Рестилица на македонско-косовската граница, од утре па до 18 јули 2021 до 1 септември 2021 година ќе биде пуштен во употреба за граѓаните од двете земји, информираа од локалната власт на општина Маврово и Ростуше.

Преминот ќе биде отворен секој ден од 08:00 до 20:00 часот, а за преминување ќе важат истите правила како и на другите гранични премини, односно патна исправа (пасош или лична карта и зелен картон за автомобил).

Овој граничен премин ќе биде многу значаен за развојот на туризмот на општините од двете држави како и за меѓусебното поврзување на жителите од општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Дебар со жителите на општините Рестелица, Драгаш и Призрен, наведуваат од Општината.

Искажуваат голема благодарност до сите кои придонесле за отворање на овој граничен премин, за кој постои голема надеж дека во иднина ќе биде функционален преку цела година.

Друштвата на Македонците од подрачјето на Гора по неколку години побара преминот да има постојан граничен режим, што значи отворен да биде 24 часа и да може да минува секој. Тие во барањето наведоа дека во отворањето на преминот од Гора гледаат надеж за економска соработка и нивен опстанок таму.

Преку овој премин, кој се наоѓа на планината Кораб, на тромеѓето меѓу Македонија – Албанија и Косово, можат да минуваат само жителите од пограниниот појас од 25 километри и тоа со посебни дозволи. Во областа Гора на Косово распослани се 18 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповест.

Advertisement