Грчката полиција заплени 1,6 тони дрога (ВИДЕО)

Грчката крајбрежна стража уапсила 11 лица во голема акција против шверцерите со дрога. Во бркотницата на море запленет е глисер на кој биле пронајдени 1,6 тони дрога, пренесуваат грчките медиуми.

Шверцерите на дрога од Јадранското Море се проширила и на Егејското Море, по што грчката крајбрежна стража пресретнала еден од криумчарските глисери. Уапсените се државјани на Грција, Италија, Албанија и Бугарија. Како што пренесуваат албанските медиуми, меѓу уапсените се и двајца полицајци од Саранда. Еден од уапсените Албанци е ранет, објави дневникот „Шекули“.

Грчките медиуми тврдат дека двајца криумчари се ранети откако пукале кон крајбрежната стража. Акцијата е дел од широката операција против шверцерите на дрога од Албанија кон Западна Европа во која, освен локални полицајци, вклучени се и американски ФБИ, британска и германска полиција.

 

Advertisement