Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас поднесе оставка

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас денеска поднел оставка, еден ден откако во владиниот кабинет имал тензичен состанок со министерот за одбрана Панос Каменос, јавуваат дел од грчките медиуми. Како што јавуваат грчките медиуми, премиерот Ципрас ја прифатил оставката и тој ќе го преземе министерствотот за надворешни работи.

Весникот „Катимерини“ цитира извори кои велат дека Коѕијас бил незадоволен поради фактот што на вчерашниот состанок, премиерот Алексис Ципрас не го поддржал во нападите од Каменос.

Според истите извори, за време на вчерашниот состанок Каменос го обвинил Коѕијас за лошо управување со тајни фондови и оти бил човек на американскиот милијардер Џорџ Сорос. Помошниците блиски до министерот за надворешни работи рекле дека тој бил „длабоко навреден“ од обвинувањата. Исто така, Коѕијас и Каменос имале жестоко несогласување и за договорот од Преспа.

Advertisement