По претставниците на македонското малцинство, официјално и Здружението „Омонија” кое го претставува грчкото малцинство во Албанија, се спротивстави на објавените резултати од Пописот спроведен во 2023 година, а кои Институтот за статистика, ИНСТАТ, ги објави вчера.
Во реакцијата “Омонија” резултатите ги нарекува неосновани, нереални и неприфатливи во однос на демографијата на грчкото малцинство. Исто така, во име на Грците во оваа земја, изразуваат загриженост и за бројките за населението, кои се однесуваат за верска припадност, не прифаќајќи го дури и бројот на православните во земјата.
Конкретно, сакаме да изразиме загриженост во однос на димензијата на сликата на религиозниот состав што ја претстави ИНСТАТ. Бидејќи огромното мнозинство од припадниците на грчкото етничко малцинство припаѓаат на Православната Црква, не можеме да не ја осудиме упорноста да се поправи бројната големина за православните, далеку од реалноста и од она што е историски потврдено. Тоа не е добар предзнак за мирен соживот во земјата, ниту пак служи на добриот имиџ што и е потребен, се нагласува во реакцијата.
Според пописната статистика 23.485 лица одговориле дека се Грци, додека вкупниот број православни е 174 илјади. Македонските претставници ги отфрлија пописните резултати, оценувајќи ги манипулација и фалсификат. ИНСТАТ соопшти дека во земјата живеат 2281 Македонец што ни од далеку не соодветствува со реалната бројка.