Ѓурѓај, присуствуваше на свеченото отворање на меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“ во Скопје

На 23 јуни 2026 година, по покана на Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, и Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите, претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, присуствуваше на свеченото отворање на меѓународната конференција Дијалог за единство и мир 2026“, која се одржа во Скопје.

Конференцијата беше организирана од Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите  и Алумни асоцијацијата на Школата за млади лидери на претседателот Иванов.

Настанот претставуваше значајна платформа за промоција на дијалогот, меѓусебното разбирање, единството и мирот, преку размена на идеи и искуства меѓу учесници од различни земји и области.